МЕТА со работа од далечина планира експанзија во Европа – регрутира нови соработници

168

Компанијата Мета се потпира на далечинското работење низ Европа за да регрутира нови соработници во група земји од Европската унија, како и во Велика Британија.

Компанијата соопшти дека најголемиот број нови вработени во следните неколку години, кои ќе учествуваат во изградбата на мрежата Метаверзум, ќе работат на далечина од осум европски земји. Мета се надева дека ќе го прошири тимот на своите таленти надвор од традиционалните седишта како што се Велика Британија и Ирска. „Сега мислиме дека треба да бараме соработници низ цела Европа“, рече портпаролката на компанијата Кели Козанс. „Талентот е таму надвор. Сакаме да го искористиме тој талент“, пренесува ДВ.

Најверојатно, овој потег на американската компанија ќе го зголеми притисокот врз европските компании, да креираат сопствени насоки за хибридна работа и работа на далечина за таленти од областа на високите технологии. Анкетите покажуваат дека соработниците поддржуваат флексибилни работни правила. Но, компаниите постепено воведоа правила што ќе важат по пандемијата. „Привлекувањето талент е една работа. А другото е задржување на талентот “, вели Иво Сапар. Неговото седиште е во Варшава и тој се залага за далечинска работиа. Фејсбук бара луѓе додека тие сè уште бараат нешто ново.

Мета објави дека ќе вработи 10.000 луѓе во Европа за својот проект Метаверзум. Побарувачката за овој вид експерти е над понудата во последните неколку години. Само во Германија на крајот на 2021 година имаше недостиг од 96.000 експерти во индустријата – софтверски инженери, менаџери за производство и администратори за информатичка технологија. Според сегашните анкети, две третини од компаниите очекуваат да се зголеми недостигот од експерти.

Пандемијата дополнително го направи светот на работата покомплексен. По речиси две години работа од дома, соработниците на многу компании, според анкетите, најмногу се залагаат за флексибилен однос при повторното отворање на канцелариите. Зголемувањето на трошоците за сместување во големите технолошки центри како Даблин, Париз или Берлин ја намали атрактивноста за преселување на талентирани професионалци, а релативно кратки растојанија во Европа ја прават прекуграничната работа остварлива опција.

Веќе е докажано мислењето дека работата од далечината е докажана за време на пандемијата, соработниците покажаа дека можат да бидат продуктивни и кога работат дома, а оние компании кои нема да го прифатат тоа ќе имаат проблем со конкуренцијата.