Министерството за економија го одбележа Светскиот ден на туризмот со признанија за туристичките комори, образовни институции и претставници од руралниот туризам

51

Современиот туризам денес претставува рефлексија на економските и општествените појави, а со оглед на големата динамика во овој сектор, неопходни се брзи реакции и одговори на сите предизвици и прашања. Секогаш кога патуваме, од која било причина, ние сме дел од едно глобално движење; движење кое има моќ и инклузивен развој, создава работни места и гради одржливи општества, претставува движење кое гради взаемно разбирање и може да ни помогне да го заштитиме нашето природно и културно наследство, кажа Државниот секретар на Министерсвото за економија Размена Чекич Дуровиќ на денешното одбележување на Светскиот ден на туризмот 27 септември.

Министерството за економија, како што кажа државниот секретар, во чест на овој ден, продолжува со веќе востановената традиција да ги наградува чинителите кои даваат импакт во развојот на туристичкиот процес.

„Оваа година покрај придонесот на образовните институции и туристичките комори и организации акцентот е ставен и на руралниот туризам како интенција на Светска туристичка органзиација но и потенцијал за развој во Република Северна Македонија.“ кажа Чекич Дурович.

Според статистиката на Министерството за економија мината 2022 година, во однос на истиот период од 2021 година, бројот на туристите е зголемен за 37.9%, а бројот на ноќевањата за 23.1% .

Во периодот јануари – јули 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 25.3 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 1.2 %, а кај странските има зголемување за 44%.

Во периодот јануари – јули 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 12.4 %, така што кај домашните туристи се бележи зголемување од 1%, а кај странските има зголемување за 28%.

Сето ова укажува на фактот дека по пандемијата и падот на бројот на туристи оваа година ќе се надмине бројката од еден милион туристи со тенденција да се надмине најдобрата 2019 година и се очекува да биде остварен поволен девизен прилив од туризмот и угостителството.

„Денеска сме тука да го одбележиме овој светски настан, кој се одржува под глобалното мото „Туризмот и Зелените инвестиции“ и да ги одбележиме сите оние бројни мали можности, кои го прават голем туризмот во државата.  Оваа година со симболични признанија сакаме да ги наградиме главните чинители кои придонесуваат во развојот на туризмот но и да ги охтабруваме да продолжат да работат се со цел туризмот да го постигнува местото кое го заслужува“ кажа Чекич Дуровиќ.

Признаници беа доделени на:

Признанија придонес во туризмот од страна на Факултетите

1.Универзитет Св. Климент Охридски- Битола-Факултет за туризам и угостителство –Охрид

  1. Универзитет Скопје – Факултет за туризам

3.Универзитет Гоце Делчев Штип-Факултет за туризам и бизнис логистика

4.Тетовски Универзитет – Насока туризам

Признанија придонес во туризмот од страна на Стопанските комори и здруженија

1.СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА –Здружение на угостителство и туризам

  1. Туристичко угостителска комора на Македонија при Сојузот на стопански комори на Македонија

    3.СТОПАНСКА КОМОРА НА СЕВЕРОЗАПАДНА  МАКЕДОНИЈА

4.ХОТАМ – Хотелска Асоцијација на Македонија

5.НАИТМ – Национална асоциација за додјовен туризам

6.НУК Независна угостителска комора

7.НАТТА – Национална асоциација на тур оператори и туристилки агенции

Признанија за Посебен придонес во туризмот

  1. Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ)
  2. TAV Македонија
  3. Туркиш Ерлајнс
  4. TRT BALKAN –

Посебно признание за:

  1. Државен пазарен инспекторат за соработка и придонес во туризмот
  2. Секторот туризам при Министерството за економија
  3. Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот

Признанија за придонес во туризмот од страна на планските региони

  1. Скопскиот плански регион
  2. Источниот плански регион
  3. Југоисточниот плански регион
  4. Североисточниот плански регион
  5. Пелагонискиот плански регион
  6. Вардарскиот плански регион
  7. Југозападниот плански регион
  8. Полошкиот плански регион

Посебен придонес во развој на рурален туризам како Селски домаќинства

  1. Давор Врговиќ
  2. Марко трпчески
  3. Зоран Стојановиќ
  4. Новица Милановски
  5. Климе Стојоски
  6. Ристо Неданоски
  7. Александар Јосифовски