ММФ: На Македонија и е потребен побрз и одржлив економски развој

21

66309-82214Според изјавата на шефот на Регионалниот оддел за брзорастечки европски земји во Дирекцијата за Европа при Меѓународниот монетарен фонд, Бас Бекер, на Македонија и е потребен побрз и одржлив економски раст.

Тој смета дека фиксниот девизен курс е корисен за Македонија и тоа треба да продолжи и во иднина.

Бакер, кој денеска во Скопје имаше презентација на тема Побрз, повисок, посилен – зголемување на потенцијалот за раст на Централна, Источна и ЈИЕ, вели дека ќе треба многу време да се достигне развој со проекции за економски раст од 2-3%.

“Потребен ви е многу побрз раст, но потребно е тој да биде одржлив и да има прилив на капитал”, рече Бакер на прес-конференцијата по презентацијата.

Предвидениот раст за оваа година на земјите од регионот е 1,7%, а за наредната е 2,7%. Бакер потенцира дека растот следната годна во сите земји во регионот ќе биде поголем.

За посилен раст, спроед него, дека треба да се надминат последиците од кризата, да се подобри деловното окружување, економиите да станат поотворени и да се подобри нефункционалноста на пазарот на труд.

Смета дека се важни и политиките на владите и дека макроекономската стабилност е многу важна, каде пак клуч е фиксниот девизен курс. Добрите политики, вели, се исплаќаат со текот на времето.

Следната недела во Македонија  се очекува да пристигне Мисија на Меѓународниот монетарен фонд за тековните состојби во земјата.