Најдобрите совети за продажба од експертите

32

ceni

Фото: Pixabay

Што треба да знаете за успешна продажба? Одговорот и не е така едноставен, со оглед на тоа што секој производ/услуга е приказна за себе, но и секој клиент е различен од другиот. Не постои универзален метод, пристап, ниту зборови што ќе го натераат купувачот да ви верува.

Сепак, овие три имиња најдоа нешто што дава позитивни резултати во бизнисот. Еве како Џобс, Форд и Безос ги надминаа останатите.

Одговорете на потребите на клиентите подобро од другите

Стив Џобс

Првиот човек на Apple секогаш потенцираше дека компанијата никогаш не користи целни групи кога ги дизајнира производите. Но, тоа не значеше дека не ги слушаат клиентите. Apple редовно прави прашалници за корисниците за нивните потреби и цели. Џобс работеше токму на тоа – да изнајде начин како тие желби да бидат исполнети на еден софистициран, ефикасен и профитабилен начин.

Бизнисот што е апсолутно посветен на услуга нема потреба да се грижи за профит

Хенри Форд

Пионерот на автомобилската индустрија Хенри Форд, којшто им кажуваше на своите клиенти дека можат да нарачаат автомобили само во црна боја, всушност беше премногу строг кога стануваше збор да им се излезе во пресрет. Тој знаеше дека не можеш да ги задоволиш сите во исто време. Затоа Форд стави акцент на она што навистина им беше важно на купувачите: достапен и сигурен превоз.

Ако изградите добро репутација, клиентите ќе раскажат

Џеф Безос

Во ерата на социјалните медиуми, извршниот директор на Amazon добро знае дека рекламирањето преку препорака е многу важно. Голем број на клиенти сакаат да споделат и добри и лоши искуства со сите. Затоа ако ги правиш работите како што треба – нема ништо подобро. Тоа го докажаа креаторите на апликацијата за паметни телефони Instagram, која што доби 40 милиони корисници и една милијарда долари кога Google го купи благодарение на препораките од клиентите.