Најголеми работодавачи во регионот

37

Во повеќето земји од регионот, најголем работодавач е државата. Исклучок е Словенија каде приватните компании доминираат како работодавачи, покажува анализата на порталот Бизнис.рс.

Во Србија најголем работодавач е Elektroprivreda Srbija (EPS), каде што работат 1,1% од вкупниот број вработени во земјата, односно од 2.224.842 вработени во Србија, 24.966 секој месец добиваат плата од ЕРЅ.

Според податоците, најголем работодавач во Хрватска е Хрватска пошта, во којашто се вработени 10.019 лица. Вкупниот број на вработени во оваа земја е 1.223.033, што значи дека 0,8% работат во Хрватска пошта.

Во Босна и Херцеговина има 550 фирми во државна сопственост,  а една од нив е најголем работодавач. Станува збор за јавното претпријатие Шуми на Република Српска, во коешто се вработени 4.902 лица.

Од вкупно 215.500 вработени во Црна Гора, според податоците, 3.189 се вработените во Elektroprivreda Crna Gora.

Земјата којашто од поранешните републики на Југославија прва ја помина транзицијата, прва влезе во Европската унија, го надмина моделот според кој големите компании мора да бидат во државна сопственост. Во Словенија најголемиот дел од вработените се во услужниот сектор, но најголемиот дел од нив имаат приватен сопственик. Како најголем работодавач во Словенија се истакнува Mercator d.d. со 8.833 вработени.

Македонија ја нема во анализата, но согласно податоците на Министерството за информатичко општество и администрација, во земјава се активни 1.312 институции во јавниот сектор, каде што работат 132.900 лица. Во акционерските друштва во државна сопственост, вкупно се вработени 8.800 лица.

Во приватниот сектор, Кромберг & Шуберт во Битола е најголем работодавач со околу 6.500 вработени.

Фото: Freepik