Намален бројот на работници во индустријата во јуни

33

Бројот на работници во индустријата во јуни оваа година, во однос на истиот период лани, е намален за 0,7%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2021 година, во однос на јуни 2020 година, бележи опаѓање од 7,2%, во секторот Преработувачка индустрија опаѓање од 0,1%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 2,6%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јуни 2021 година, во однос на јуни 2020 година, бележи опаѓање кај Енергија за 3,8% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,1%, додека пораст бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0,1%, Капитални производи за 8,1% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 5,9%.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – јуни 2021 година, во однос на периодот јануари – јуни 2020 година, е намален за 2,4%.

Фото: Pexels