Научници претворија подводни оптички кабли во сеизмографи

109

Следењето на сеизмичката активност низ целиот свет е важна задача. Мерењето на копно може да се изведе, но поголемиот дел од планетата е покриен со океани и е практично невозможно. За среќа, благодарение на научниците од Беркли, тоа може да се промени.

Досега сеизмографите беа поставени максимално 50 километри од брегот, со што две третини од земјината површина не е надгледувана. Научниците успеале оптичките кабли коишто се поставени на дното од океаните да ги претворат во мрежа на сеизмографи, а со тоа да се добие подетална и прецизна слика за движењето на тектонските плочи.

Оптичките кабли ја пренесуваат светлината и секое нивно поместување или менување на положбата дава сигнал. Правилното надгледување ќе обезбеди важни податоци, а прецизноста е голема бидејќи може да се идентификуваат и поместување од само неколку нанометри. Техниката е наречена Distributed Acoustic Sensing ( Дистрибуирано акустично читање) и може еден кабел да третира како серија од илјада индивидуални мерни станици. Најдоброто е што за оваа техника не е потребна дополнителна опрема. Сè што е потребно е мерните инструменти да се прикачат на краевите од оптичките кабли.

За тестирањето на оваа метода употребен е кабел со должина од 20 километри потопен во аквариумот на Монтереј Беј истражувачкиот институт, којшто бил поделен на 10.000 сегменти, а успеал да детектира земјотрес со магнитуда од 3,4 Рихтерови степени, што се случил на далечина од неколку километри.

Фото: Pexels