НБ: Девизните резерви бележат зголемување за 94,5 милиони евра

45

Во вториот квартал од 2021 година, во тековните трансакции со нерезиденти е остварен дефицит од 120 милиони евра, или за 28,2 милиони евра повеќе во однос на истиот период минатата година, се вели во денешниот извештај на Народната Банка.

Во однос на одделните компоненти, зголемен е суфицитот кај секундарниот доход и кај размената на услуги, додека дефицитот кај стоковната размена и примарниот доход забележа проширување.

Кај финансиските трансакции со нерезиденти, во вториот квартал од 2021 година се остварени нето-приливи од 69,1 милион евра. Позначајни нето-приливи се остварени кај директните инвестиции и заемите. Девизните резерви бележат зголемување за 94,5 милиони евра.