НБРМ: Олеснување на условите за кредитирање на мали и средни претпријатија

10

Олеснувањето на кредитните услови е посебно нагласено кај кредитите на малите и средни претпријатија, како и кај краткорочните и долгорочните кредити, покажува Анкетата за вкупната кредитна активност во октомври на Народната банка на Македонија.

“Нето олеснувањето на кредитните услови на претпријатијата продолжи и во третиот квартал на 2015 година, но посилно во однос на претходниот период, при што нето процентот се зголеми од -10,9, во вториот квартал, на -39,9 во третиот квартал“, се вели во Анкетата.

Банките и во следниот период очекуваат натамошно нето олеснување на кредитните услови кај сите типови на кредити, со ист интензитет како и во минатата година.

“Поголемо нето олеснување е забележано кај условите поврзани со каматната стапка, некаматните приходи и големината на заемот или на кредитната линија… Од друга страна, во овој квартал продолжи нето заострувањето на барањето за обезбедување, но и значително послабо од претходно. Во третиот квартал, само 3% од банките се изјасниле за делумни заострување на барањата за обезбедување, додека остатокот укажуваат на непроменети услови во овој домен“, покажуваат податоците на Анкетата.