НЛБ Тутунска банка промовира два нови кредити

21

Tutunska-banka1 НЛБ Тутунска банка во периодот од 10 март до 31 мај 2014 година спроведува промотивна кампања за сите кредити за физички лица.

Во рамките на кампањата сите потрошувачки и автомобилски кредити се одобруваат без манипулативни трошоци, а станбените и хипотекарните без манипулативни и без трошоци за проценка.

Исто така, во рамките на кампањата Банката воведе два промотивни кредитни продукти со поповолни услови и пониски каматни стапки – Пролетен Виолетов потрошувачки кредит и Промотивен НЛБ Станбен кредит. Овие продукти се однесуваат за приматели на плата/пензија во НЛБ Тутунска банка.

Пролетниот Виолетов потрошувачки кредит до 600.000 мкд и рок на отплата до 120 месеци е со најниска каматна стапка од 6,4% – фиксна за првата година.

Промотивниот НЛБ Станбен кредит до 150.000 ЕУР е со каматна стапка од 5% – фиксна за првите 3 година, 5,9% – фиксна за следните две години и 6,9% променлива за остатокот од периодот.

За новите кредитни продукти клиентите може да аплицираат до 31 мај.