НЛБ Тутунска банка во 2013 година оствари добивка од 10,2 милиони евра

28

nlb-tutunska-banka11Нето добивка од 10,2 милиони евра остварила НЛБ Тутунска банка АД Скопје минатата 2013 година, што е показател дека била успешна деловна година за банката.

На Собранието на акционерите, што се одржало вчера, било одлучено целата остварена добивка од 2013 година, четврта година по ред, да се реинвестира во резервите на банката.
Ова ќе овозможи понатамошен раст на кредитните активности, висока ликвидност и висока адекватност на капиталот од 15,5%, се наведува во соопштението.
Банката забележала поврат на капиталот на РОЕ од 11,2%, билансната актива е 972 милиони евра, додека нивото на нефункционални пласмани е 7,8%.
Во соопштението се наведува дека НЛБ Тутунска повторно остварила подобри резултати од просекот на македонскиот банкарски сектор и дека според сите параметри на ликвидност, солвентност и профитабилност се издвојува како една од најуспешните и најстабилните банки во Република Македонија.

На крајот на 2013 година, вкупните кредити изнесуваат 615 милиони евра, од кои 291 милиони се пласирани кај стопанството, додека кај населението се пласирани 314 милиони евра

За следната година планирано е зголемување на постојното кредитно портфолио, со посебен акцент на кредитирање на микро, малите и средни претпријатија и населението, за што веќе е направено олабавување на каматните и кредитните услови, а планирани се и дополнителни инвестиции во електронските сервиси на банката што ќе овозможи полесна достапност до услугите и нови функционалности на платните системи, се додава во соопштението.