Nutella му донесе 650 милиони евра на семејството Фереро

86

Животот е сладок, ако го прашате семејството Фереро. Италијанското семејство кое стои зад брендот Nutella, и оваа година ќе добие пристојна сума поради името на омилениот крем.

Семејството Фереро се наоѓа на 25-тото место меѓу најбогатите фамилии во светот.

Сите пари се управувани од канцелариите на компанијата Fedesа во Монако, од каде се инвестираат во акции, заеми, приватни фондови… Покрај тоа, семејството има инвестициска фирма во Луксембург, којашто се занимава со алтернативни средства и агробизнис.

Фото: Facebook