Од денеска стапува на сила обврската за носење зимска опрема во возилата

19

Моторните возила и мобилните машини кога учествуваат во сообраќај на пат, во период од 15-ти ноември до 15-ти март задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема, соопштуваат од АМСМ.

  1. Како зимска опрема на моторни возила со најголема дозволена маса којашто не надминува 3.500 килограми се подразбира:- зимски пневматици на сите тркала, со минимална длабочина на шарите на слојот што гази по обем и широчина, од 4 mm.- пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази по обем и широчина, со минимум од најмалку 4 mm ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

    2. Како зимска опрема за моторни возила со погон на четири тркала (4 x 4) се подразбира:

    – зимски пневматици на сите тркала, со минимална длабочина на шарите на слојот што гази по обем и широчина, од 6 mm.

    – пневматици со летен профил на сите тркала, со длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, со минимум од најмалку 4 mm ако во возилото во приборот има синџири за снег, и во случај кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина.

    3. Како зимска опрема на моторни возила со најголема дозволена маса којашто надминува 3.500 килограми се подразбира:

    – зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочина на шарите што газат по обем и широчина, од 6 mm.

    – пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, со минимум од 4 mm ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

    – автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала,

    и

    – прирачен алат – лопата.

    4. Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака: „МЅ“, „М+Ѕ“, „М&Ѕ“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врвови.