Од дивиденда инкасирал 210,4 милиони денари

167

Највисоката исплатена дивиденда во 2019 година, според податоците на Управата за јавни приходи, е во износ од 210.411.765 денари. Станува збор за дивиденда исплатена на граѓанин од Битола, кој е сопственик на бизнис кој припаѓа на дејности во градежништвото.

Самостојното вршење на дејност и во 2019 најпрофитно за Скопјани, кои доминираат на листата со доход по овој основ, од кој највисокиот изнесува 44.065.522 денари. Во 10-те топ рангирани на листата се наоѓаат адвокати, нотари, извршители и угостители.

Земјоделието најисплатливо во Скопскиот регион, каде граѓанин од скопско остварил доход од продажба на сопствени земјоделски производи во износ од 32.345.815 денари, а Гевгеличанец остварил 11.694.817 денари доход по овој основ.

Во 2019 година прворангираниот според вкупно остварен бруто доход од закуп и подзакуп на имот (издавање на земјиште, станови и деловни простории, превозни средства и друг вид на имот) е обврзник од Тетово, кој пријавил 84.039.667 милиони денари. Прворангиран според остварен вкупно бруто доход од авторски права и други стварни права е обврзник од Скопје, со 22.612.966 денари, додека Кумановец остварил бруто доход од 4.161.850 денари од права од индустриска сопственост.

Фото: Freepik