ОН: Рекордна година за трговијата со храна

68
Овогодинешната трговија со храна во светот ќе ги собори сите досегашни рекорди по обем и вредност, бидејќи стана многу поинтензивна, објави Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).
Како што се забележува, поскапата храна и енергија лошо се одразуваат на граѓаните на земјите во развој бидејќи најголемиот дел од приходите ги трошат на основни потреби.
Трговијата со храна во светот, како што се додава, покажа голема отпорност на пазарните нарушувања предизвикани од пандемијата на корона вирусот. ФАО соопшти дека оваа година трговијата со храна во светот ќе ја надмине вредноста од 1,750 милијарди долари, што е за 14 отсто повеќе од претходната година и за 12 отсто повеќе од 2019 година.
Се проценува дека на поскапувањето на храната влијаат и повисоките транспортни трошоци. Според прогнозата на ОН, земјите во развој може да очекуваат 20 отсто повисоки трошоци за набавка на храна, а се соочуваат и со поскапување на житариците, животинските масти, растителните масла, шеќерот, месото, млечните производи и рибата.
Годинава се очекуваат рекордни приноси на пченка и ориз, а следната година се очекува подобрување на пазарот на маслодајни семиња, иако проценките покажуваат дека нивните залихи на крајот на сезоната би можеле да бидат под просекот. Се очекува поголемо производство на шеќер, но и благ пад на неговата трговија, поради растот на цените и помалата достапност.
Забрзаното производство на свинско месо во Кина секако ќе влијае на светскиот пазар, но и на очекуваното поголемо производство на млеко. Рибарскиот сектор ќе биде поинтензивен бидејќи таа производна површина ќе се зголеми за околу два отсто во однос на минатата година.
ФАО проценува дека трошоците за производство на храна во земјоделството, вклучувајќи ги цените на енергијата, вештачките ѓубрива, сточната храна и семињата, во август го достигнале својот десетгодишен максимум. Растот на овие трошоци, како што вели, лесно се прелева во растот на цените на храната. Но, се нагласува дека истите правила не важат во сите области од земјоделството, ниту во сите земјоделски области. На производителите на соја им требаат поевтини азотни ѓубрива, затоа ќе имаат корист од цените на сојата.
Производителите на свинско месо се соочуваат со сточна храна и ниски цени на месото, а за разлика од производителите на соја, тие се во неволја. Според проценките на ОН, во 53 земји во светот граѓаните трошат повеќе од 60 отсто од својот приход на трошоци за храна, гориво, вода и домување. Затоа, се предупредува дека зголемувањето на цените на горивата може да има многу лошо влијание врз сиромашните потрошувачи во светот.