Oнлајн купувањето е на максимум, како да не претерате со трошењето

43

Живееме во потрошувачко општество, така што е тешко да се спротивставиме на шопингот, особено сега кога седиме дома, а има многу што можеме да нарачаме преку интернет. Бидејќи шопингот е една од нашите омилени активности, забава, “лек“ за стрес и слично, без оглед на сегашните околности, ние сепак имаме желба да се почестиме нешто и така да го разубавиме денот.

Некој ќе купи облека за подоцна, некој шминка и козметика, некоја нова техника, а некој резерви на храна.

Можеме ли да одолееме на купување преку интернет во време на пандемијата?

Првата работа што треба да ја направиме тогаш е да го прифатиме фактот дека нашиот живот сега ќе изгледа различно и да се обидеме да ја контролираме ситуацијата, барем она што зависи од нас. За почеток, секој пат кога ќе го вклучите вашиот лаптоп или ќе посегнете по телефон со намера да купите нешто – наместо тоа, јавете се на некој од семејството или пријател.

Првата грешка што луѓето ја прават во криза, поврзана со парите, е да ги потрошат како да нема утре. Имајте на ум дека кризата, без оглед на нејзината должина, ќе помине, па затоа треба да оставите некои заштеди. Покрај тоа, имајте ја предвид неизвесната економска состојба, затоа паметно трошете – само основните работи и по некое задоволство. Нека тој однос е 80:20.

Во онлајн светот, шопингот е полесен од кога било: два клика, број на кредитна картичка и наскоро на вашата адреса стига нарачката. Сепак, има неколку дополнителни причини зошто ние купуваме преку интернет додека се во карантин:

  • Од досада
  • Нервозни сме
  • Правиме залихи од страв

Најдобро, секогаш трошете пари, па дури и сега, мудро и колку што е потребно. Не купувајте работи само затоа што е криза, дури и ако се намалени на половина цена. И поставете си едно важно прашање: Дали би го купил ова кога не би бил во карантин?

Фото: Pixabay