Организација на простор

210

stikeri-i-flomasteri-pixabay

Фото: Pixabay

Мојот работен простор, во многу мал дел од неделата е добро организиран. Не знам какви сте вие, но неуреден простор оддава впечаток на неуредена личност, а не сум таков.

Бидејќи не сум таков, решив дека мора да си го средам работниот простор, а со тоа и самиот себе си, најверојатно. Да споделам неколку совети што почнав да правам и некои работи кои можеби ќе може да ви помогнат околу ваша подобра организација:

Зошто – пред воопшто да почнете со решавање на проблемот, прво треба да дознаете зошто вашиот работен простор е несреден. Можеби ви е таква работата и едноставно што и да направите нонстоп ќе биде несреден, па тогаш ќе треба тотална реорганизација во целата ваша работна просторија.

Реорганизација на просторот – прво што треба да направите е да процените колку простор имате. Понекогаш ние сакаме на мал простор да се организираме како да имаме 100 метри квадратни. Затоа, ако ви е потребен повеќе простор, реорганизирајте го!

Чистење – редовно чистење на работната маса многу ќе ви помогне. Ќе се изненадите колку многу имате стари и непотребни работи и колку ќе ви се ослободи слободен простор.

Организација на фиоки – фиоките се помошно место кои треба да ви помогнат при организација на главниот простор. Убаво е нив да ги средите како би можеле да си ослободите позиција на главниот дел.

Систем за фајлирање – секој од нас треба да си има сопствен систем за фајлирање кој или во целост или барем главниот дел од него ќе се поклопува со главниот систем за фајлирање што го имате во вашата канцеларија. Вашиот систем може да биде или во фиоки или на масата да поставите кластери.

Кластери – тие треба да се поставени близу вас и да ви помогнат околу поделба на обврските што треба да ги направите (итни, за дискусија, follow up, итн…).

Електронска работа – доколку вашата позиција овозможува, гледајте што повеќе да работите електронски отколку во хард копија. Со тоа ем заштедувате простор, но истовремено и ресурси.

Работни “зони“ – во некој дел од целата работна просторија ќе треба да воспоставите места кои ќе бидат работни, односно каде што ќе може да се оставаат работи(полици, плакари итн.).

На дофат на рака – опремата која најмногу ја користите нека ви биде на дофат на рака. Работите кои ретко ги користите, може да се и подалеку.

Време – одвојте (најлесно на крајот на неделата) време кога ќе правите неделни чистења на вашиот простор.

Една работа да се договориме, целосно чист работен простор не е возможен. Она што е возможно е да не работите во хаос (барем што се однесува до работниот простор) туку да имате функционален простор на кој ќе може навремено и квалитетно да ги завршувате работите.

Ако имате прашање за Калин Бабушку, можете да го поставите на Бизнис советник.