Пандемијата ги “смали“ канцелариите

60

Работа од дома со цел да се заштитат вработените од ширење на заразата донесе уште една предност на сопствениците на бизниси. Во светот голем број бизнисмени решаваат да ги намалат трошоците за изнајмување деловен простор и тие пари да ги пренасочат за плати на вработените. Поради намалениот обем на работа и страв од тоа што ќе се случи следниот месец, сопствениците, онаму каде постои можност, решаваат да ги намалат трошоците за изнајмување на скап деловен простор, ги испраќаат своите вработени да работат од дома и на тој начин да си ја решат ликвидноста.

Освен заштеда на износот што вообичаено се плаќа за кирија на деловниот простор, бизнисмените сега заштедуваат и на режиски трошоци, што подразбираат сметки за индустриска струја, вода, греење и ладење, тековно одржување и слично.

Пандемијата ги принуди сите да се прилагодат на новонастанатите услови, да се адаптира на промените и на тој начин да успеат да “преживеат“ без посериозни последици. Штедењето е важен елемент, што треба да значи дека компанијата има одреден фонд на средства што ќе бидат искористени ако ситуацијата повторно се влоши.

Ова не значи дека компаниите треба целосно да се откажат од деловните простории, тоа на крајот сепак е дел од организационата култура на секоја компанија, но во овие услови, користење на помали канцеларии со пониски трошоци би можело да значи заздравување на компанијата.

Фото: Freepik