Почнува тргување со државни обврзници вредни 1,1 милијарда денари

122

По поднесено барање за котација од страна на Министерството за финансии, почнувајќи од 12.03.2020 година, на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација ќе бидат примени на котација и ќе започне тргувањето со државни обврзници со вкупна номинална вредност од 1.100.000.000 денари, информираат од Македонска берза.

Обврзниците се издадени во денари, со годишна исплата на камата, додека главнината се исплаќа на денот на достасувањето.

Фото: Pexels