Подобар увид и побрзо решение за пензија со доставувањето податоци за стаж

24

Доставувањето податоци за стаж и за плати на секој осигуреник, што како проект почна да се реализира од 15 јануари, е бенефит за работниците затоа што отсега тие навреме ќе имаат увид во стажот, а не како досега кога ќе отидеа во пензија, сметаат сидикалците и работодавачите, пишува Миа.

Тие истакнуваат дека ваквиот начин ќе придонесе за поголема ажурност и ефикасност во донесувањето на решенијата за пензија.

“Навременото информирање ќе придонесе за поголема ефикасност во донесувањето на решенијата за правата од пензиско и инвалидско осигурување бидејќи податоците за стаж и плати ќе бидат целосни и точни, што ќе претставува добра основа за брзо одлучување за правото и висината на пензијата“, изјави претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Живко Митревски.

Тој напоменува дека измените се донесени по согледувањата на социјалните партнери дека има потреба од зголемување на информираноста на осигурениците во врска со правата во пензиско и инвалидско осигурување.