Поради нерегуларности Светска банка привремено го прекина објавувањето на Doing Business листата

54

Светската банка во деловниот извештај објави дека привремено го прекинала објавувањето на годишната листа на Doing Business поради нерегуларности во извештаите за 2018 и 2020 година.

“Довербата во истражувањето на Светска банка е од витално значење. Ги информира креаторите на политики, им помага на земјите да донесат подобри одлуки и им овозможува на засегнатите страни попрецизно да ги измерат економските и социјалните подобрувања. Ваквото истражување исто така беше корисна алатка за приватниот сектор, граѓанското општество, академските кругови, новинарите и други, проширувајќи го разбирањето на глобалните прашања“, се вели во соопштението.

Нерегуларностите во деловните податоци за 2018 и 2020 година беа пријавени интерно во јуни минатата година, а раководството на Светска банка одлучи да го паузира следниот извештај и иницираше серија прегледи и ревизии на извештајот и нивната методологија.

По разгледувањето на сите достапни деловни информации, вклучително и наодите од претходните ревизии и извештајот објавен од Банката во име на Одборот на извршни директори, раководството на Светска банка одлучи да го прекине објавувањето на Извештајот Doing Business.