Пораст на прометот во индустријата во август

16

Прометот во индустријата во август оваа година, во однос на истиот период лани, изнесува 8,9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во август 2015, во однос на август 2014 година, бележи опаѓање од 0,4%, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 12,1%.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во август 2015 година, во однос на август 2014 година, бележи пораст од 18,9%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 8,5%.

Според главните индустриски групи, прометот во август 2015 година, во однос на август 2014 година, бележи пораст кај Енергија за 0,5%, Интермедијарни производи, освен енергија за 7,2%, Капитални производи за 12,8%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 12,1% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6,6%.

Прометот во индустријата во август 2015 година, во однос на јули 2015 година, е намален за 5%, додека во периодот јануари – август 2015 година, во однос на периодот јануари – август 2014 година, е зголемен за 8,4%.