Потпишан договор за заеднички туризам меѓу Македонија и Албанија

35

Водени од потребата за соработка во полето на активен развој и промоција на заедничката туристичка понуда, Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот на Македонија и Националната Агенција за туризам на Албанија, потпишаа договор за меѓусебна соработка. Целта на потпишување на меморандумот за соработка е да се зајакне заедничкото претставување на туристичката понуда и посветеноста за привлекување на странски инвестиции кои ја имаат Македонија и Албанија.

Со договорот двете страни потписнички се согласија да соработуваат во поглед на креирање на заеднички туристички производ базиран на култура, традиција, историја и природните убавини. Меморандумот опфаќа и соработка во размената на практички искуства и информации, но и проекти со цел заштита на природата и регионален одржлив развој.

Една од целите за потпишување на меморандумот за соработка е и идејата за заедничко планирање и организирање на Самитот за активен туризам на земјите од Западен Балкан кој ќе се одржи во Македонија во 2015 година