Потпишување договор за банкарски гаранции за земјоделство и рурален развој

38

Владата на Република Македонија и Агенцијата за меѓународен развој на САД за банкарски гаранции за земјоделство и рурален развој во Македонија денеска ќе потпишат договор за соработка.

Договорот ќе го потпишат министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков и директорот на мисијата УСАИД во Македонија, Џејмс Стајн.

Со овој договор, УСАИД и Министерството за земјоделство заеднички ќе финансираат механизам за парцијално гарантирање на кредити, кој ќе овозможи зголемено кредитирање на индивидуалните земјоделци.

Во следните 10 години ќе бидат гарантирани земјоделски кредити во вкупен износ од 20 милиони долари. УСАИД учествува со 200.000 долари, а Министерството за земјоделство ќе обезбеди дополнителни 800.000 долари.

На настанот највено е присуство на претставници од банки, проекти на УСАИД кои работат на полето на земјоделството и останати партнери.