Повеќе од милион електрични автомобили во ЕУ

46

Продажбата на електрични автомобили расте од година во година, како во Европа, така и во светот.

Така, во 2020 година бројот на електрични патнички автомобили во земјите-членки на Европската унија надмина еден милион. Според податоците на Канцеларијата за статистика на ЕУ (Евростат), тоа е 20 пати повеќе од бројката забележана во 2013 година и три пати повеќе од 2018 година.

Како што се наведува понатаму, највисоките стапки на пораст на електричните автомобили се забележани помеѓу 2019 и 2020 година (+83 проценти) и помеѓу 2018 и 2019 година (+64 проценти). Во 2020 година нивното учество во вкупниот број на патнички автомобили се зголеми од 0,02 отсто на 0,4 отсто.
„Флотата на патнички автомобили во речиси сите земји-членки на ЕУ порасна во последните пет години, достигнувајќи вкупно 250 милиони автомобили во 2020 година“, според Евростат.