Повисок индикатор на доверба во преработувачката индустрија во јануари

42

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката
индустрија, во јануари 2015, во однос на декември 2014, е повисок, а повисок е и во однос на јануари 2014
година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во јануари 2015, во однос на декември 2014
година, е поповолна, состојбата со залихите на готови производи е поповолна, како и очекувањата за обемот
на производството во наредните три месеци.

Економската состојба на деловните субјекти е оценета како поповолна во однос на претходниот месец, а како понеповолна во однос на јануари 2014 година. Оценката за бројот на вработени е непроменета во однос на декември 2014 година.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јануари 2015 година изнесува 61,9% од нормалното искористување.

Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната
странска побарувачка со 25,1%, недоволната домашна побарувачка со 24,7%, недостигот на квалификувана
работна сила со 23,6% и финансиските проблеми со 6,4%.