Престанете да го поставувате прашањето – Како сте?

310

Како сте? Ова е најбескорисната фраза што постои во светот на комуникациите. Личноста која го поставува прашањето не сака да го знае вистинскиот одговор, а лицето кое одговара, не ја кажува вистината.

Клучот за успешна комуникација, според научниците од Харвард, е поставување на таканаречени follow – up прашања, коишто покажуваат дека соговорниците се заинтересирани за разговорот што го водат.

Истражувањето во коешто се опфатени повеќе од 300 онлајн разговори е забележано дека луѓето кои поставуваат follow up прашања, што не ги опфаќаат прашањата од типот – како сте? што правите?, се попријатни соговорници.

Кога од луѓето се бара да постават повеќе прашања, тие чувствуваат поголема одговорност, од другата страна имаат активен слушател, покажуваат поголемо разбирање и грижа.

Фото: Pixabay