Продолжува годишниот раст на депозитите и кредитната поддршка

43

Вкупните депозити, во септември, на годишна основа се повисоки за 8,3%, при раст кај двата сектора, со малку поголем придонес на секторот „домаќинства”. На годишно ниво, вкупните кредити, во септември бележат раст од 6,3%, при зголемено кредитирање кај двата сектора, во поголем обем кај домаќинствата, соопшти Народната банка.

Во септември 2021 година, паричната маса (монетарниот агрегат М3) се
намали на месечна основа за 0,7%. Падот главно се должи на намалувањето кај
депозитните пари, а во мал дел и заради долгорочните депозити до две години, во
услови на раст кај краткорочните депозити и готовите пари во оптек. Споредено на
годишна основа, паричната маса е зголемена за 10,1%, што во најголем дел
произлегува од растот на депозитните пари и краткорочните депозити, при помал
раст и кај готовите пари во оптек и долгорочните депозити до две години.

Во септември, кај вкупните депозити е остварен месечен пад од 0,8%, поради
намалувањето
на депозитите на корпоративниот сектор, во услови на раст на
депозитите на секторот „домаќинства“. Годишниот раст на депозитите изнесува

8,3%, при раст на депозитите на двата сектора, со малку поголем придонес на

секторот „домаќинства“.


Вкупните кредити, во септември, се зголемени за 0,7% и 6,3%, на месечна и
годишна основа, соодветно, при зголемено кредитирање на двата сектора, со
поизразен придонес на секторот „домаќинства“.

Вкупните депозити на корпоративниот сектор, во септември, се намалени за
2,8%
на месечна основа. Оваа промена во поголем дел се должи на падот кај
депозитните пари, а намалување е забележано и кај останатите компоненти.
На
годишна основа е остварен раст
од 15,6%, речиси во целост поради зголемување
на депозитните пари и краткорочните депозити во стран
ска валута, при помал
пораст и на долгорочните депозити во странска валута, а во услови на
пад на
краткорочните и долгорочните депозити во денари.



Во септември, кредитите на корпоративниот сектор бележат нагорна месечна
и годишна промена од 0,6% и 4,8%, соодветно. Анализирано според валутната
структура, растот на месечна и годишна основа во поголем дел произлегува од
кредитите одобрени во денари.

Вкупните депозити на домаќинствата, овој месец, забележаа месечно
зголемување од 0,5%. Нагорната промена главно произлегува од краткорочните
депозити во странска валута, како и од растот на долгорочните депозити во
странска валута и краткорочните депозити во денари, но во помал обем, во услови
на пад кај останатите компоненти. Годишната стапка на раст на вкупните депозити
на домаќинствата изнесува 6,9% и во најголем дел е резултат на повисоките
депозитни пари и краткорочни депозити во странска валута, како и на другите
компоненти, со исклучок на долгорочните депозити во денари коишто забележаа
намалување.


Во септември, кредитите на домаќинствата се зголемија за 0,8% и 7,5%, на
месечно и годишно ниво, соодветно. Притоа, кредитите одобрени во денари имаат
малку поголем придонес кон растот по двете основи.

Во септември, анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките
лица, потрошувачките и станбените кредити, како најзастапени категории,
забележаа месечен раст од 0,6% и 1,5%, соодветно, при годишен раст од 6,2% и
16,1%, соодветно. Овој месец, автомобилските кредити бележат месечно
зголемување од 2,4%, додека на годишна основа продолжува трендот на
намалување којшто изнесува 16,9%. Кредитите одобрени на кредитни картички
се намалија за 0,5% и 10,9%, на месечна и годишна основа, соодветно, додека
негативните салда на тековните сметки забележаа нагорна месечна и
годишна промена од 3,4% и 3,0%, соодветно. Во септември, кај кредитите
одобрени врз други основи е остварено месечно и годишно намалување од 3,5%
и 29,3%, соодветно.