Промотивна понуда за Виза ГОЛД кредитна картичка од Стопанска Банка

102

Стопанска Банка ја претстави својата нова промотивната понуда за ВИЗА ГОЛД кредитната картичка со намалена каматка стапка од 5,5% за сите трансакции до крајот на 2018 година. Промоцијата важи за сите нови картички поднесени до крајот на 2018 година.

И оваа година Стопанска банка на корисниците на VISA Gold кредитните картички им доделува месечен CASH BACK (враќање на готовина) во висина од 1% од прометот направен во трговската мрежа. CASH BACK програмата ја вклучува секоја трансакција која е направена на продажно место во државата и во странствокако и сите трансакции направени на домашни и странски интернет страници.

Единствен предуслов за добивање на CASH BACK е секој месец прометот во трговија да изнесува најмалку 10.000 МКД, односно минимален CASH BACK од 100 МКД. Готовинските трансакции, оние на банкомати и во филијали, не се дел од пресметката на месечниот CASH BACK.

Максимален CASH BACK во текот на еден месец изнесува 12.000 МКД.

Без никаков дополнителен трошок за корисниците, со секоја трансакција направена со VISA Gold картичка, Банката донира во хуманитарни цели. Односно, со секоја трансакција во износ до 5.000 МКД, Банката издвојува 5 МКД за хуманитарни цели, додека пак со секоја трансакција над споменатиот износ се овозможува донација од 10 МКД.