Просечната нето-плата по вработен, во април изнесува 31.525 денари

68
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април 2022 година, изнесува 31 525 денари.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во април 2022 година, во однос на април 2021 година, изнесува 110.9.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (24.8 %), Уметност, забава и рекреација (20.1 %) и
Административни и помошни услужни дејности (17.0 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита (8.3 %), Градежништво (5.6 %) и Дејности во врска со
недвижен имот (4.5 %).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во април 2022 година, изнесува 47 092 денари.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во април 2022 година, во однос на април 2021 година, изнесува 111.0.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (25.5 %), Уметност, забава и рекреација (21.0 %) и
Административни и помошни услужни дејности (17.4 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита (8.5 %), Градежништво (5.2 %) и Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (4.5 %).