Просечната плата им е 500 евра, а 80% од становите ги купуваат во кеш

481

Во Србија, каде просечната плата е околу 500 евра, во последниот квартал од минатата година, околу една милијарда евра во кеш циркулираа на пазарот на недвижнини.

За земја каде регулативите не дозволуваат трансакции во готовина од над 10.000 евра, ваквите податоци го покренуваат прашањето дали се контролира потеклото на парите и кои се луѓето кои плаќаат за станови одеднаш, наместо на рати, бидејќи само 20% од купувачите на недвижнини земаат кредити, пишува српска Политика.

Кача Лазаревиќ, агент за недвижнини, нагласува дека сомнителните трансакции не одат преку агенции бидејќи, според Законот за спречување на перење пари, тие се должни да ги направат сите анализи на ризици пред некој дури и да започне да купува. За тоа се грижат и агенциите, вели тој, а оние што не сакаат да работат според законот сигурно нема да дојдат во агенцијата.

Според неа, инвеститорите, кои закачуваат табла на градилиштето со натпис: “директна продажба“, немаат обврска да прават анализи на ризици и да пријавуваат сомнителни трансакции со пари.

Таа наведува дека луѓето кои имаат повеќе пари купуваат станови во готовина, а оние кои имаат помалку – на кредит.

“Очигледно е дека одреден процент купувачи имаат многу пари и тие не купуваат еден, туку неколку станови. Поради кризата, тие сфатија дека најбезбедна инвестиција е да купат недвижнини, претежно во нови згради кои добро продаваат. Многумина решија да ги вложат парите што ги чуваа во банка или сеф во станови, деловни простории или продавници“, објаснува Лазаревиќ.

Нагласува дека порано тоа не било вообичаен тренд. Со короната сè се сменило и сè работи поинаку. Луѓето решаваат да купуваат итно, верувајќи дека парите ќе бидат девалвирани.

Се поставува прашањето дали масовното плаќање во готовина укажува на перење пари.

Џерџ Пап, експерт за данок и поранешен директор на даночната управа, вели дека не мора да значи дека е така на почетокот, но сигурно го има тоа. 

“Ако продадете поголем стан за да купите помал и земете заем, нема перење пари“, вели Пап.

Во текот на 2020 година се продадени околу 130.000 недвижнини. Од нив 80 -90.000  се станови, а цената на квадрат достигнува и до 3.000 евра.

Фото: Freepik