Прва европска земја која воведува зелени вакцина пасоши

257

Француската влада  достави до собранието закон со кој им се овозможува на оние кои се вакцинирани пристап до јавен превоз, ресторани, културни институции и други јавни места.

Премиерот Жан Кастекс го проследи законот за воспоставување долгорочен систем за управување со вонредни ситуации до собраниската процедура. Законот е познат и како “зелен пасош за вакцина“ поради одредбите што условуваат пристап до одредени активности и места врз основа на вакцинацијата.

Според законот, премиерот има право да одобри движење на лица, пристап до јавниот превоз или одредени места врз основа на тест со кој се утврдува дека некое лице не е заразено или по превентивен третман во кој спаѓа и вакцинацијата против коронавирусот.

Фото: Pixabay