Раст на продажбата и нето добивката на Атлантик Група

9

atlantic grupa

Атлантик Група во првата половина на 2015 година, генерираше приходи од продажба од 333,1 милиони евра што во споредба со истиот период во 2014 година, претставува зголемување од 3,5%, се вели во соопштението.

Добивката пред камати и даноци (EBIT) изнесува 27,3 милиони евра, што претставува намалување од 10%, а во најголем дел се должи на зголемување на цените на суровините, додека нето добивката по малцинските интереси изнесува 18,9 милиони евра, што претставува зголемување за 9,6%.

“Од важните бизнис настани во првата половина на годината, се издвојуваат: проширувањето на дистрибутивното портфолио, развојот на сопствените брендови, кои благодарение на иновациите и квалитетот продолжуваат да освојуваат меѓународни признанија, продолжување на интеграциските активности на Foodland и пуштање на производниот погон за енергетските барови во Нова Градишка. Во втората половина на 2015 година, фокусот ќе биде на понатамошен развој на бизнисот во постојните пазари и интернационализација, како и управување на оперативните и финансиските обврски и ризици.Со отворањето на нов модерен објект за производство на енергетски барови, во чија изградба и опремување беа инвестирани 13,3 милиони евра, продолжи консолидацијата на капацитетите за производство на Атлантик Група, при што производството во овој сегмент на спортска исхрана успешно беше пренесена од договорените надворешни производители во сопствени погони. Во текот на првата половина од 2015 година, исто така, во фокусот беше интензивната интеграција на компанијата Foodland д.о.о. во Атлантик Група, со што се создадоа предуслови за поефикасно управување и активирање на планираните синергиски ефекти во рамките на системот“, се вели во корпорациското соопштение.

За севкупниот раст на продажбата на Атлантик Група во првата половина на 2015 година најмногу придонесе Стратешката бизнис област Деликатесни намази со раст од 6,2%, Стратешката бизнис област Слатко и солено со раст од 4,8%, Стратешката бизнис област Пијалоци со раст од 2,3%, Стратешката дистрибутивна област Хрватска со раст од 6,3% и Стратешката дистрибутивна област Србија со раст од 5,7%. Кафето со 19,3% удел од вкупната продажба се издвојува како најголема поединечна категорија со 64,1 милиони евра приходи од продажба.

Во однос на пазарите, најголем пораст од 7,3% е остварен на српскиот пазар, кој е втор по големина во Атлантик Група со учество во вкупните приходи од 22,8%. Хрватскиот пазар, кој со 26% има најголем удел во приходите од продажбата, бележи раст од 6,6%, додека пазарот Босна и Херцеговина бележи раст од 6,1% во првото полугодие со учество од 7,3% од вкупните приходи од продажба.

Сопствените брендови на Атлантик Група учествуваат во продажбата со 65,3%, дистрибуцијата на брендовите од принципалите со 18,5%, фармацевтскиот ланец Фармација со 6,5%, додека производите кои Атлантик Група ги произведува како приватни брендови за големите бизнис системи во земјата и странство учествуваат со 9,7%.