Редовна аукција за продажба на благајнички записи

25

Народната банка спроведе редовна аукција за продажба на благајнички записи со примена на тендер со ограничен износ и фиксно утврдена каматна стапка од 1,25%. На аукцијата беа понудени благајнички записи на ниво од 10.000 милиони денари.

Побарувачката и реализацијата на благајничките записи изнесуваа 10.000 милиони денари и беа на ниво на понудениот износ.

Следната аукција на благајничките записи ќе се одржи на 14 април 2021 година.

Фото: Pexels