Сè потешко се наоѓаат ИТ експерти

78

Вработување на експерти по информатички и комуникациски технологии станува сè поголем предизвик за компаниите во Европска унија, покажуваат податоците на Eurostat.

Во текот на 2018-та година, 9% од компаниите во ЕУ вработиле или се обиделе да вработат ИТ експерти. Повеќе од половина од овие компании (58%) се соочиле со проблем при пополнување на слободните работни места за коишто се потребни соодветни ИТ вештини.

Меѓу земјите членки на ЕУ, компаниите во Романија се соочиле со најголеми потешкотии при вработување на кадар од овој профил. Иако само 3% од компаниите во оваа земја вработиле или се обиделе да вработат ИТ експерти во 2018-та година, 90% од нив се соочиле со потешкотии при пополнување на тие слободни работни места.

Вработување на ИТ експерти било подеднакво тешко и за компаниите во Чешка, каде што 80% од фирмите се соочиле со предизвик при вработување на ваков профил на вработени. Од друга страна, најмалку потешкотии при изнаоѓање на соодветен ИТ кадар имале Шпанија (27%) и Грција (38%).

На компаниите во ЕУ им станува сè поголем предизвик да ги пополнат отворените работни места што имаат потреба од ИТ експерти. Ако тој процент во 2013-та година беше 37%, за пет години е зголемен на 58%.

Фото: Pexels