Сè повеќе фирми во ЕУ банкротираат

60

Во третиот квартал од минатата година, за 25,7% е зголемен бројот на прогласени банкроти, додека во евро зоната тој процент е поголем – 36,1%, покажуваат податоците на Eurostat.

Во истиот период, забележан е голем пораст од 45,3% на регистрирани нови компании во ЕУ, во однос на еден квартал претходно.

На годишно ниво, има зголемување од 2,2% на бројот на регистрирани нови бизниси, додека кај банкротите има пад од 17,7%.

“Намалувањето на бројот на регистрирани нови фирми и прогласени банкроти во првите два квартали од 2020 година може да се објасни со фактот што надлежните институции беа привремено недостапни или затворени поради пандемијата, па затоа податоците имаат задоцнување. Освен тоа, мерките на властите за поддршка на деловните субјекти можеби им дозволија да продолжат со работа иако во нормални услови би прогласиле банкрот“, сметаат од Eurostat.

Фото: Freepik