Се преговора за нова авионска линија Белград-Охрид-Белград

51

Македонска делегација составена од Александар Поповски, вд Амбасадор на РС Македонија во Република Србија, Љупчо Јаневски, Директор на АППТ и Константин Георгиески, Градоначалник на општина Охрид денес се во официјална посета на Домот на Народното Собрание на Република Србија, Собранието на град Белград и Министерството за туризам, трговија и телокомуникации.

По повеќе од шест децении, денес и официјално македонската делагација го предаде некогашниот украс на Домот на Народното Собрание на Република Србија. Предавањето на фрагмент од оградата на некогашната вила на Тито, вила Биљана во Охрид, денес од македонската делагација е предадена на претстедателот на Собранието на Република Србија, Ивица Дачиќ.
На средбите со Претседателот на Собранието на Република Србија Ивица Дачиќ, Претседателот на собранието на град Белград, Никола Никодијевиќ и државниот секретар во Министерството за туризам, трговија и телекомуникации,  Жикица Несторовиќ се потенцираше за значењето на соработката на РС Македонија и Р. Србија, како и тоа дека мали чекори водат кон големи успеси.

За време на официјалните средби се отпочнаа и преговорите за враќање на редовната авионска линија Белград- Охрид – Белград, која пред повеќе од две децении била со фрекфенција два пати дневно, додека сега преговорите се водат за два пати неделно. Ова ќе значи и зајакнување на соработката помеѓу овие две земји, што во овој период е повеќе од важна затоа што економиите, а посебно туризмот, се потпира на регионалната соработка и размена.
Оваа конекција е резултат на детектираниот, голем интерес, од страна на српските државјани за посета на Охрид, како и на обратно, со оглед на фактот дека РС Македонија е константно помеѓу првите пет туристички пазари кон кои цели со промоција  Србија, а истото тоа се однесува и за РС Македонија. Во оваа насока, бројот на туристи од РС Македонија кои ја посетиле  Србија во 2019  година пораснал за 11% во споредба со 2018 година, додека во првиот квартал за 2021 во споредба со истот период 2020 година бројот на македонски туристи во Србија претставува 7.7% од вкупниот број на туристи во државата. Од друга страна, ситуацијата и со РС Македонија е иста, односно бројот на српски туристи во РС Македонија во 2019 година е во сличен, дури и поголем раст во споредба со претходната година.

Зголемена промоција и лансирање на нов, заеднички туристички производ, е темата на која Директорот на АППТ, Љупчо јаневски дополнително дискутираше со Марија Лабовиќ, Директор на Националната туристичка организација на Србија, со што уште повеќе би се зајакнала соработката.

Фото: ohd.airports.com.mk