Сејлор: Трилиони долари се прават од технологии забранети од Кина

58

Инвеститорот Мајкл Сејлор не е загрижен за најновиот кинески бран на забрани за биткоин и крипто. Тој рече дека не дозволил кинеските прописи да му пречат тогаш и тие сигурно сега не му пречат.

„Ако ги продадевте акциите на Гугл, Фејсбук и Твитер во 2010 година затоа што слушнавте дека Кина ќе ги забрани, ќе изгубевте [огромни] суми пари. Трилиони долари се направени од технологии забранети од Кина. Мислам дека она што Кина го прави е во голема мера ирелевантно, и секако дека е смешно, бидејќи како и секој квартал во последните пет, шест, седум години, Кина секогаш забранува нешто“, вели Сејлор.

Минатата недела, Кина објави дека забранува речиси секоја активност поврзана со индустријата за криптовалути.

Во документот што заеднички го потпишаа голем број државни институции, кинеската влада наведе измама и други нелегални активности што ги поврзува со крипто, како основа за репресија.

Сејлор вели дека не е загрижен за влијанието на овој потег врз цената на БТК на долг рок. Сепак, тој исто така вели дека ако инвеститорите не сакаат да го задржат биткоинот една деценија, не треба да го држат ни 10 минути.

Тој тврди дека американскиот пристап кон најголемата криптовалута е во голема мера позитивен.

„Всушност, мислам дека ако ја погледнете секоја изјава од централен банкар или од регулаторите, тие се прилично јасни: биткоинот е сопственост. Биткоинот е стока (комодити) … Не сум видел спор со регулатор дека Биткоин е дигитално средство со вредност …

Мислам дека регулативата се однесува на хартиите од вредност, и има врска со [дали] ги почитувате законите за хартиите од вредност, [дали] ги почитувате даночните закони и таквата усогласеност ќе продолжи.

Но, дигиталната сопственост во форма на Биткоин не е оспорена од никој. Ако ги погледнете сослушувањата во Сенатот минатата недела, имаше широк консензус. Секој сенатор, говорот на нивното тело и она што го кажаа покажуваат дека го поддржуваат биткоинот и крипто индустријата воопшто. Сите сакаат тоа да биде соодветно регулирано, и мислам дека регулаторите се согласија“, додава Сејлор.