Што е обртен капитал?

1344

pexels-photo-669615

Фото: Pexels

Обртни средства или обртен капитал се дел од средствата на фирмата коишто можат брзо да се претворат во пари. Тие се нарекуваат уште и тековни средства или работен капитал.

Овој термин понекогаш подразбира инвестирање во обртниот капитал на една фирма и се нарекува концепт за управување со обртен капитал. Тоа вклучува утврдување на формата на краткорочно финансирање на работниот капитал и долгорочно финансирање за делот на обртен капитал којшто треба да биде долгорочен во бизнисот (основни средства). Обртниот капитал е услов за ликвидност и финансиска стабилност на компанијата.

Постои минимален износ на работен капитал што банките често го бараат од своите должници. Доверителите и менаџментот користат извештаи за користење на работен капитал за внатрешна контрола. Анализата на извештајот за работен капитал дава добар увид во финансиските трансакции на компанијата;

Обртните средства ги сочинуваат:

  • Целокупната готовина со која располага претпријатието во моментот.
  • Сите производи што се наменети за препродажба претставуваат обртни средства.  На пример, во една производствена компанија залихите може да се класифицираат како готови производи и суровини за производство.
  • Сите резерви што не се продаваат, а се даваат на купувачите при извршено купување претставуваат имот на компанијата. Тоа се ќеси, пакувања, подароци итн.
  • Сите однапред платени трошоци, исто така претставуваат дел од обртните средства на фирмата.

Обртниот капитал, исто така, директно ја демонстрира ефикасноста на оперативниот бизнис на компанијата, бидејќи средствата заробени во залихи и тековното производство, не можат да се користат за плаќање на доспеани обврски или тековни трошоци коишто ги има компанијата. Поради сето ова, неопходно е континуирано да се следи нивото на обртниот капитал и да се анализира секој можен негативен пад.