Што има да каже германски експерт за коронавирусот?

407

Германскиот пулмолог, доктор Волфган Водарг, е еден од оние научници кои имаат различен став во врска со ширење на коронавирусот. Тој има долгогодишно искуство кога станува збор за следење на вирусите, нивното мутирање, како и последиците што ги оставаат. Но, се сомнева дека работите со овој вирус се искристализирани и јасни.

“Секоја година набљудувам колку луѓе се заразуваат во област од 150.000 жители. Секоја година ширум светот имаме нови типови на вируси, бидејќи тие сами се менуваат. Доколку истите вируси се појават и следната година, тогаш нашиот имунолошки систем ќе ги препознае и ние не би можеле да се разболиме од нив, бидејќи вирусот нема да може да се репродуцира, а тоа тие баш го сакаат. Затоа мора да се изменат и секоја година имаме нови варијанти на вирусите. Постојат околу 100 различни типови на вируси што постојано се менуваат. Досега не внимамавме кои вируси предизвикуваат грип или настинка или болест или како и да сакате да ги наречете“, вели Водарг.

Според него, во Вухан (од каде што започна да се шири заразата на Ковид – 19), постои најголемата безбедносна лабораторија за вируси во цела Кина и постојат доста експерти од оваа област со што се занимаваат секој ден.

“Вухан е голем град со 11 милиони жители, големи болници и големи единици за интензивна нега, со луѓе кои се вклучени на респиратори, луѓе со воспаление на бели дробови, тие тестираа неколку пациенти, анализирале кои вируси ги имаат во лабораториите и пронашле нов тип и тоа им привлекло внимание“, вели Водарг.

Дали еден вирус е опасен, според него, еден вирусолог не знае бидејќи му се потребни понатамошни епидемиолошки податоци базирани на тоа колку се луѓето болни? Колку брзо оздравуваат? Дали умираат побрзо од претходно? Затоа е важно да се погледнат податоците од претходните години и да се направи споредба. Да се погледне стапката на смртност и да се види колку луѓе починале од вируси.

“Додека анализираме одреден вирус, корона, на пример, можете да ја истражите вкупната популација, но она што ќе го најдете е дека ниту 10%, а моментално 8% или 10% од популацијата ќе имаат некој тип на вирус од којшто ќе се разболат. Но, ако ја истражувате медицинска пракса, по примероците ќе видите кој е болен, секако дека ќе пронајдете голем број на позитивни случаи. Ако ги истражувате болниците и таму земете примероци, ќе пронајдете уште повеќе луѓе инфицирани со корона. Тоа е во зависност од пропорциите на популацијата што се посматра, било да е целата популација, пациенти во чекалниците, луѓето во клиниките или ако се анализираат многу болни луѓе кои се на интензивна нега и кои можат да умрат. Вие очекувано може да најдете од седум до 15% коронавируси секогаш кога ќе го направите тест. Но, ако луѓето умираат од тој или од друг вирус, додека имаат коронавирус, тоа не може да се одреди со сигурност“, објаснува Водарг.

Смртност од заразни болести, како што вели тој, се однесува на однос меѓу инфицирани со оваа болест и на процент на мртви меѓу нив. Со оглед на сезонската акутна болест на респираторните органи, позната како грип, смртноста е 0,1% што е всушност и максимум. Тоа значи дека еден од 1.000 жители заразени со грип умираат секоја зима. Сега, како што вели Водарг, би требало да се види дали бројот на смртни случаи е во пораст поради коронавирусот.

“Кинеските власти направија нешто големо од ова, одеднаш ова е политички многу важно, надминувајќи ги рамките на вирусологијата. Одеднаш е инсталирано препознавање на лица, се мери температура, клинички термометар го контролира сообраќајот на улиците и сево ова стана толку важно, што доведе до меѓународни последици. Политичарите мора да се борат со тоа да даваат свое мислење, потоа повторно ги повикуваат вирусолозите. Секоја влада ги прашува своите вирусолози и тие потврдуваат дека овој вирус е опасен и бараат тестови за да се помогне мерење на вирусот како во Кина“, смета германскиот лекар.

“Ова ме потсетува на приказната за новата облека на царот, според која едно мало смело дете ќе каже ‘еј тој е гол’, а сите во дворот, кои ја окружуваат владата и прашуваат за совет бидејќи не знаат и самите, сите играат заедно… Во моментот ни недостасува рационален поглед и би требало да го поставиме прашањето како дознавте дека вирусот е опасен, како било претходно, зарем не беше така и минатата година, дали е воопшто тоа нешто ново? Тоа недостасува… и навистина царот е гол“, заклучува германскиот пулмолог.

Фото: Pixabay