Што имаат заедничко мудрите луѓе?

51

mudrost

Фото: Pixabay

Кои се најмудрите луѓе што ги познавате? Мудроста генерално тешко се постигнува со напорна работа и доаѓа во одредено време, кога ќе ги споите сето знаење и искуство. Меѓутоа не секогаш постарите луѓе се помудри, може и помлада личност да биде мудра. Истражувањата направени на Универзитетот во Флорида ги дефинираат како комбинација на когнитивни, рефлексивни и сочувствителни квалитети, што не се одлика само на постарите луѓе. Мудроста е нешто што се одгледува и потенцијалот се исплаќа, бидејќи мудрите луѓе се поспособни да се справуваат со предизвиците.

Видете кои се заедничките особини на мудрите луѓе, без разлика на нивната возраст.

1. Мудрите луѓе се искусни

Причината поради која често велат дека мудроста доаѓа со староста, всушност е затоа што постарите луѓе имаат повеќе животни искуства. А искуството е еден од камен – темелниците на мудроста.

2. Мудрите се како сунѓери

Не е само искуството тоа што ве прави мудри, туку и учењето на лекции од разните животни искуства. Меѓутоа, секој не учи од искуствата. Затоа не значи дека сите луѓе што патувале низ светот насобрале мудрост. Некои ја напуштиле сопствената комфорт зона и го виделе светот со други очи и се отвориле за нови и вредни начини на согледување на нештата. Меѓутоа, другите едноставно не научиле ништо ново, туку тие само си ги потврдиле негативните стереотипи. Клучот е да се впијат сите лекции без разлика каде се наоѓате, дали сте во градот каде целиот живот живеете или од некоја далечна дестинација.

3. Мудрите луѓе го гледаат тоа што е пред нив

Поврзаноста меѓу годините и мудроста, всушност се наоѓа во разбирањето на очигледното. Мудрите луѓе имаат одредени познавања, но тоа не значи дека знаат повеќе за потеклото на универзумот. Тие имаат продлабочени познавања за општите работи.

4. Мудрите луѓе медитираат

Со цел да постигнат знаење и директен контакт со себеси и да ја согледаат околината и односите во неа, потребна е рефлексија. А за да се постигне тоа потребна е медитација. Во тишината кога медитираме, всушност ние влегуваме во себеси и го набљудуваме дишењето и нашите мисли. Природно како што се појавуваат мислите, така ние треба да ги прифаќаме без разлика какви се и без да реагираме на нив со негативност.

5. Мудрите личности растат од кризините ситуации

Често луѓето што ги сметаат за мудри без разлика на нивните години имаат доживеано некаква траума или можеби и повеќе трамуматични ситуации и успеале ефективно да се снајдат. Има цела област во психологијата посветен на пост-трауматскиот раст на личноста, истражувајќи ги начините на коишто луѓето преживувајќи одредена траума се менуваат на подобро. Но, мудроста исто така може да дојде и од справувањето со помали проблеми, како што е лош работен ден или метежот во сообраќајот.

6. Мудрите имаат силна поддршка

Еден од условите што ги разделува луѓето што можат да растат и да учат од тешките животни ситуации и од оние што не можат, е присуството на силен систем на поддршка. Може да биде поддршка од формална група од терапија, пријатели или фамилија. Луѓето што се чувствуваат дека се сами, дека немаат никого и ништо, ќе им биде многу потешко да научат нешто од траумата, бидејќи тоа искуство ги уништило.

7. Мудрите луѓе се толерантни

Сочувството е клучна компонента на мудроста. Има многу квалификувани политичати и продавачи што имаат големо познавање за себеси или увид како функционира светот, но ако го искористат за себични причини, тогаш имаат недостаток на вистинска мудрост. Затоа рефлексијата е толку важна – помага да се видите себеси какви сте вистински, сите ограничувања што ги имате, за да потоа можете да се сочувствувате со другите и да реагирате соодветно.