Што се даночни принципи?

132

Фото: Pexels

Даночни принципи се начела врз кои ce засновува даночниот систем и спроведувањето на даночната политика. Можат да ce сведат на четири групи.

1. Финансиски принципи, според кои ce води сметка даноците да бидат обилни (да обезбедуваат доволно средства за финансирање на јавните расходи) и еластични (даноците да ce приспособуваат според дадените услови);

2. Економски принципи: даноците да не бидат дестимулативни за обврзниците; даноците да не му пречат на стопанскиот развој; даноците успешно да ce користат во стабилизациони цели и сл.;

3. Социјално–политички принципи: даночната обврска да биде општа (сите ce должни да плаќаат данок, да нема даночни привилегии), даночната обврска да биде рамномерно и правично распоредена на даночните обврзници, сразмерно на економската сила;

4. Даночно–технички принципи: даноците да ce воведуваат само врз основа на закон, a не врз правни акти на управните органи; даночната обврска да ce одредува прецизно; постапката за разрез и наплата на даноците да биде што поевтина, т. е. трошоците на администрацијата да не бидат големи.