Што се „шринкфлација и скимпфлација“

232

Цените достигнуваат рекордно високо ниво, квалитетот на производите опаѓа или едноставно добивате многу помалку за истите пари. Сите веќе некое време слушаме за инфлацијата, но постојат неколку други термини кои се користат покрај инфлацијата за да се опише економската состојба:шринкфлација и скимпфлација.

Шринкфлација

Некои производители се обидуваат да им „замачкаат очи“ на купувачите, па не ги покачуваат цените на своите производи, туку ја намалуваат количината. На пример купувате чоколадо, но забележувате дека имa ред помалку. Цената на чоколадата  не се зголемила, но нејзината нето маса се намалила  на пример од 170 на 150 грама. Или не ретката ситуација кога купувате чипс во огромно пакување, ја отворате кесата, а чипсот зафаќа само една третина од него.  Се разбира, производителите мора да ја наведат точната тежина на пакувањето, но клиентите обично се чувствуваат измамени.

Скимпфлација

Глаголот „skimp“ на англиски  значи троши или користи помалку време, пари или материјал за нешто отколку што е потребно во обид да се заштеди.

Соодветно на тоа, skimpflation значи токму тоа – компаниите „штедат“ на квалитетот на производот или услугата што ја нудат.

Една од главните причини зошто тоа се случува е тоа што компаниите мора да го намалат квалитетот на услугата за да бидат сепак профитабилни. Квалитетот е намален токму затоа што се трошат помалку пари за персонал, или се користи помалку материјал.

На пример ја нарачувате омилената пица од ресторан, среќни што цената не е зголемена. Вашата пица пристигнува, но по отворањето на кутијата гледате дека повеќе не е истата пица. Полоша шунка, полошо сирење и печурки. Ова се нарекува скимпфлација, односно кога производителите одлучуваат да го намалат квалитетот на нивните стоки/услуги за да можат сепак да остварат профит без да ги зголемат цените. Тоа е доста ризичен потег бидејќи клиентите ретко го простуваат намалувањето на квалитетот.