Што треба да знаете за продажбата

77

За успешно да го продадете својот производ треба да ги имате потребните вештини и да знаете како еден просечен купувач би реагирал во дадениот момент.

Но, добро е да се знаат и некои интересни и едукативни податоци, коишто можеби ќе ви дадат насока како да ја изведете вашата следна продажба.

Само 2% од продажбите се случуваат кога двете страни ќе се сретнат за прв пат. 

Дури 63% од луѓето кои денес побарале информација за вашата компанија нема да купат ништо во следните три месеци, а на 20% од нив ќе им требаат повеќе од 12 месеци за да се одлучат.

Во една компанија со 100-до 500 вработени, во просек седум луѓе се вклучени во донесување на одлуки во врска со купување.

По одржана продажна презентација 63% од присутните ги запаметуваат раскажаните “приказни“. Само 5% ја помнат статистиката и бројките.

Дури 70% од луѓето купуваат за да решат некој проблем, 30% донесуваат вакви одлуки за да добијат нешто.

Продажните агенти активно трошат само 33% од предвиденото време за продажба.

Дури 91% од купувачите би дале препораки, а само 11% од продажните агенти би прашале за истото.

Повеќе од половина, односно 65% од новите бизниси на компаниите се од препораките што ги добиваат..

Купувач кој дошол по нечија препорака ќе потроши 13,2% повеќе од оној кој не добил препораки за производот или услугата.

Фото:Pixabay