Словенија со построги контроли во продажбата на вино

163

vinoСловенечката влада вчера на редовна седница го усвои предлог амандманот за Законот за вино, со цел да се зголеми обемот на пријавено производство на вино. Овој нацрт закон е наменет за заштита на потрошувачите и произведувачите, затоа што зголемената контрола ќе ги заштити потрошувачите од сомнителни информации за потеклото и квалитетот на виното, а произведувачите од нелојалната конкуренција, стои на интернет страната на Владата.

Иако за најголем дел од непријавеното производство, произведувачите тврдат дека е наменето за лична потрошувачка, работниците на терен откриле дека некои вина излегуваат на пазарот без потребна документација и етикети, што создава нерамнотежа на пазарот и претставува нелојална конкуренција за регистрираните произведувачи на вино.

За да ги заштити потрошувачите и регистираните произведувачи, владата предложи закон со кој се ограничува служење на рефус вино во угостителските објекти, се зголемува контролата над продажбата на вино во угостителските објекти, се прошируваат овластувањата на инспекторите и административните единици кои ќе ја проверуваат точноста на податоците во регистерот и се зголемуваат казните.