Совети за унапредување на малите бизниси

364

Американскиот Центар за развој на мали компании (Small Business Administration assist entrepreneurs, SBDC), креираше неколку совети коишто би можеле да им помогнат на малите претприемачи да ги прошират своите деловни активности.

Проучете ги добрите и лошите страни на вашата конкуренција. Не сакате да се борите против нив таму каде што се силни, туку да се фокусирате на областа каде што се послаби и тука бидете подобри.

Истакнете се во дигиталниот свет, покажете дека се грижите и бидете внимателни кон клиентите.

Направете ги своите клиенти – купувачи, амбасадори на вашиот производ така што ќе им понудите одлично корисничко искуство.

Праќајте ги своите вработени на обуки.

Соработувајте со конкуренцијата.

Добро запознајте ги вашите клиенти. Не е лошо преку анкета да дознаете што би можеле да подобрите.

Бизнисите договарајте ги во живо, а не преку електронска пошта, бидејќи тоа е ладен облик на комуникација.

Обновете го дизајнот на веб страната, некогаш само поместување на позицијата на логото може да има големо внимание.

Бидете веродостојни и не отстапувајте од вашите ветувања, задржете ја довербата кај долгогодишните клиенти.

Најдете добри партнери кои ќе ви помогнат да го унапредите производот.

Водете сметка за трошоците, дури и кога продажбата расте.

Најдете способни луѓе на кои ќе може да им препуштите одредени сегменти од работата.

Фото: Pexels