Совети за заштита и избор на мобилно и интернет банкарство

119

Забрзаниот развој на комуникациските технологии, примената на интернетот во секој дневниот живот и работата на секој поединец, како и сè поголемата појава на паметни уреди, доведуваат до приближување на електронските банкарски услуги до корисниците. Банкарската индустрија претставува домен на работење кој на своите корисници им нуди голем број услуги преку користењето на новите комуникациски медиуми. Овие сервиси треба да овозможат брз оддалечен пристап, заштеда на времето на корисниците и нај битно од сè, повисок степен на сигурност, стои во магазинот на Организација за заштита на потрошувачите.

Е-банкинг сервисите им нудат на корисниците пристап до нивните налози, преглед на поголемиот дел од трансакциите, пренос на средства, плаќање, преглед на каматните стапки, договори и поднесување на различни барања. Сигурноста на овие сервиси е регулирана на неколку нивоа со цел да се обезбеди повисок степен на доверба. Електронско банкарство Традиционалните банки нудат голем број сервиси на своите клиенти. Тука се подразбираат трансакциите на клиентите, платниот промет, како и давањето на кредити на поединци или компании.

Во споредба со традиционалните начини на давање на банкарски услуги, електронското банкарство го користи интернетот за да им ги достави своите услуги на корисниците. Како услуги од доменот на електронското банкарство спаѓаат отворање налози, префрлување на средства, како и електронско плаќање на сметки. Поимот електронско банкарство (e-banking) претставува употреба на нови технолошки решенија, за да се овозможи корисниците од кое било место и во кое било време да ги извршуваат паричните трансакции преку користење на компјутерските мрежи. На овој начин во значителна мера е олеснет трансферот на парични средства. Често доаѓа до изедначување на поимите е-банкарство и интернет-банкарство, што не е точно.

Е-банкарството е поширок поим, а интернет-банкарството е само една од неколкуте услуги кои ги нуди електронското банкарство. Е-банкарството вклучува телефонско банкарство, интернет-банкарство, мобилно банкарство и СМС услуги. Доколку извршувањето на банкарските активности вклучува користење на интернет-мрежа, тогаш ста нува збор за интернет-банкарство.

Еден начин на реализирање на електронското интернет-банкарство е можноста банката која има физички филијали и нуди традиционални банкарски услуги, да отвори веб-портал на кој на своите корисници ќе им ги понуди и услугите на електронското банкарство. Целта на ваквиот начин на работа, од една страна, е на корисниците да им се приближат услугите на банката, а од друга страна, вработените во банката да се ослободат од големи гужви и редици на шалтерите на банката. Постојат два основни типа на веб-страници преку кои можат да се користат услугите на електронското банкарство, а тоа се: информативни и трансакциски.

Информативните веб-страници обезбедуваат пристап на клиентите до генералните информации за финансиската институција и запознавање со видовите производи и услуги кои таа ги нуди. Трансакциските веб-страници им овозможуваат на клиентите да извршуваат трансакции преку страницата на финансиската институција со иницирање на банкарски трансакции или купување на понудените производи и услуги.

Банкарските трансакции може да се рангираат од оние кои претставуваат основни активности, како што се дополнување на сметките на клиентите, до трансфери на пари помеѓу деловните ентитети. Од причина што трансакциските веб-страници ја овозможуваат електронската размена на доверливи информации за клиентите и трансфер на пари, обезбедувањето на услугите преку нив ги изложува финансиските институции на многу поголем ризик во однос на основните информативни веб страници. Мобилното банкарство нај едноставно може да се дефинира како банкарство кое се остварува со пристап до банкарските услуги преку мобилен телефон.

Услугата на мобилното банкарство е наменета за сите кои сакаат брз и едноставен пристап до своите сметки во банка преку своите паметни телефони, без оглед на времето и местото каде се наоѓаат. Предностите на користењето на мобилно банкарство се бројни. Една од најважните е потполната независност од локацијата што под разбира дека пристапот до сопствената сметка во банката и вршењето на трансакциите е можно на кое било место и во кое било време. Останатите предности вклучуваат:

  • Овозможување на специфични услуги со кои се обезбедува лојалност на клиентите, во смисла на брза реакција за одредени трансакции;
  • Вистински решенија за донесување на спонтани одлуки и потреби кои не подразбираат ангажирање на големи количини на пари;
  • Зголемување на ефикасноста на клиентите при вршењето на дневните рутини.

Преку мобилното банкарство и мобилните технологии банката има подобар увид во однесувањето на клиентите при користењето на банкарските производи и услуги. На пример, доколку клиентот користи картичка при плаќањето, секогаш е информиран кога е извршена трансакцијата и за кој износ е задолжена сметката. Исто така, банката може да го извести клиентот за состојбата на кредитот, датумот кога доспева ратата за плаќање или кога доспева сметката за плаќање. Од друга страна, клиентите имаат увид во своите депозити и плаќања кои доспеваат.

Во недостатоците од користењето на мобилното банкарство може да се вбројат проблемот на идентификација, сигурноста и приватноста на податоците, како и брзината и достапноста на мобилните телекомуникациски мрежи. Безбедноста во користењето на мобилните уреди за мобилно банкарство се огледува преку физичкото отвoрање на банкарската апликација (непостоење на лозинка), автентификација на уредот од страна на провајдерот на услугите, заштита на податоците кои се пренесуваат и кои се чуваат на мобилниот уред. Одредени банки воведуваат посебни протоколи според кои при вршење на интернет-трансакции, преку смс порака се дистрибуира еднократна лозинка (ОТР) на телефонскиот број на корисникот. По нејзиното добивање, потребно е таа да се внесе во означеното поле за внес, со што се потврдува автентичноста на корисникот.

Како да се заштитите при користење на мобилно банкарство?

И покрај високите сигурносни стандарди, секогаш постои ризик дека ќе има обиди да се шпионираат податоците за личен пристап или злоупотреба на дигиталниот идентитет на поединецот. За да се спречи таква штета и да може интернет-банкарството непречено да се одвива на компјутер или на паметен телефон, потребно е да се почитуваат неколку основни правила. Како прво, потребно е да ги имате последните верзии на: оперативниот систем, скенерот на вируси, firewall и банкарската апликација. Домашните компјутери можат да бидат првата “влезна врата“ за пристап на криминалците.

Доколку не се соодветно заштитени, тогаш влезната врата е отворена. Доколку банкарството го извршувате преку интернет, би требало да користите скенер на вируси и firewall. Достапните ажурирања би требало веднаш да ги инсталирате штом пристигне известувањето, за да се обезбеди соодветна заштита од вируси. Истото се однесува и на паметните телефони и другите мобилни уреди: кој ги извршува банкарските трансакции и користи банкарски апликации, секогаш мора да го ажурира оперативниот систем и апликациите. Преземајте само банкарски апликации од овластена продавница за апликации Апликациите за банкарство треба да се инсталираат само од овластена продавница за апликации на вашиот паметен телефон или таблет (Google Play Store / Apple App Store).

За инсталација не смеат да се следат никакви, кои се можеби лажни, “информации“ за преземање од рекламни е-пораки или веб страници. Не чувајте шифри, броеви на трансакции и други податоци за пристап на уредите Лозинките, броевите за лична идентификација и бројот за автентификација на трансакциите никогаш не смеат да се чуваат нешифрирани во апликациите, во облакот или на хард дискот. Дури и ако се зачувани како телефонски броеви во адресарот, тоа не дава соодветна заштита. Податоците за пристап, исто така, треба редовно да се менуваат. Ова се однесува на сите сметки на корисникот, а не само на интернет-банкарството.

На e-mail или текстуалните пораки, наводно, од сопствената банка, со кои се бара потврда на чувствителните податоци, на пример, преку барање на шифри или на бројот за автентификација на трансакциите, не треба да се одговара. Исто така, би требало да се избегнува кликање на врските кои водат на друга влезна страница. Банките никогаш не бараат такви податоци преку е-пошта или СМС, но, исто така, и преку телефон. Доколку ве побара некој, наводно, вработен од банката и побара заедно да ја направите трансакцијата од сметката, веднаш прекинете го повикот.

Еве уште неколку совети на кои треба да се придржувате при користење на интернет и мобилно банкарство:

  • Користете ги само сигурните интернет страници
  • Секогаш обрнете внимание на тоа дали во линијата на алатки на вашиот прегледувач постои знакот на катанче кој гарантира дека таа страница е заштитена со енкрипција и е потешко да се хакира. Придржувајте се кон ова секогаш кога купувате на интернет и ги впишувате своите лични податоци, како и оние од вашата дебитна или кредитна картичка.
  • Внесувајте што е можно подолга лозинка Јачината на лозинката е најважна за вашата лична сигурност. Како лозинка немојте да го впишувате своето име и презиме или датумот на раѓање или името на домашното милениче. Лозинката нека биде што подолга. Се препорачува да се употребат најмалку осум знаци, па затоа комбинирајте мали и големи букви, бројки и симболи.
  • Поставете е-предупредувања Доколку мобилната апликација овозможува, поставете е-предупредување при банкарските трансфери, обидите за пристапување кон страницата, при промена на лозинката и слично. Така можете навремено да реагирате ако знаете дека тоа не сте биле вие.
  • Исклучете го Bluetooth Bluetooth овозможува многу погодности при користење на мобилниот телефон, но не е најдобар во осигурувањето на интернетска сигурност на банкарството. Нападите на Bluetooth се најнов тренд во хакирањето, затоа нај добро е да го држите исклучен.
  • Заклучувајте го сопствениот мобилен телефон и личниот компјутер Поставете квалитетни лозинки на својот мобилен телефон и компјутер, а доколку е можно, користете ја можноста за препознавање на лице или отворање со отисок на прст – со тоа ќе бидете сигурни дека никој освен вас не може да пристапи на вашите уреди.

Фото: Pixabay