Србија меѓу десетте најголеми извозници на житарки во светот

28

pcenka-pexels

Фото: Pexels

Србија се вбројува меѓу десетте најголеми извозници на житарки во светот во период од економската 2014/2015 до 2016/2017 година, пишува Екапија.

Овие податоци ги покажува анализата на Здружението Жита на Србија, изработена врз основа на податоците од Министерството за економија на САД.

“Бројни се предностите на нашата земја, кога е во прашање трговијата и извозот на житарки, почнувајќи од производство исклучиво на nonGMO култури до можности за транспорт од Црното море до Северното море преку Паневропскиот коридор VII“, изјави Сунчица Савовиќ, секретар на Здружението Жита на Србија.

Во поглед на приносите по хектар, земјата котира на второ место кога е во прашање пченицата, што е веднаш зад просекот на Европската унија, а е петта по принос на пченка по хектар.