ССК: Намалените казни за компаниите ќе ги подобрат условите за работа

13

Усвоените измени на законите за прекршоци, за општа управна постапка и за парнична постапка, со кои се намалуваат казните за компаниите, ќе ги подобрат условите за работа, оцени денеска Сојузот на стопански комори, пишува Миа.

“Со измените во Законот за прекршоци, покрај промените во намалување на глобите се предвидува и воведување можност за опомена со што се остава простор за едукација на стопанствениците кои недоволно ја познаваат регулативата во насока на отстранување на недостатоците. Веруваме дека измените на Законите за прекршоци, за општа управна постапка и за парнична постапка, што ги донесе Собранието со двотретинско мнозинство, во многу елементи ќе ги подобрат условите за работа на стопанските субјекти“, изјави Данела Арсовска, претседател на ССК.

Со воведување на принципот на нивелирање на санкциите согласно економската моќ на субјектите, како вкупни приходи, број на вработени, како и примена на информативна, едукативна, па дури потоа санкциона функција ССК сметаат дека во голема мера компаниите ќе чувствуваат помал притисок при спроведување на одредени законски процедури.