Стапката на сиромаштија лани беше 22,2%

14

Фото: Pixabay

Стапката на сиромашни лица во Македонија лани изнесуваше 22,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Анализирано по типови домаќинства, стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца во 2017 година е 20%. Според најфреквентниот статус на економска активност, стапката на сиромашни вработени лица е 9%, додека стапката на сиромашни пензионери е 7,7%.

Коефициентот на Џини (мерка за нееднаквоста во распределбата на приходите) изнесува 32,5%.